Еден од најистакнатите графички дизајнери во земјава, Зоран Кардула, е првиот Македонец кој дизајнира часовник за светски познатиот швајцарски бренд „Своч“.
„За мене, тоа се големи чест и предизвик. Tимот на ‘Божиновски’ веќе неколку години работи на овој проект. Со оглед на тоа што се работи за бренд како ‘Своч’, тоа е вообичаено. Откако проектот бил одобрен, добив покана да направам неколку предлози. Тие беа препратени до ‘Своч’ од каде што добивме одлични коментари и така започна реализацијата на овој проект“, ни изјави Кардула.
При дизајнирањето на часовникот имал комплетна слобода и предлозите кои ги изработил се во негов препознатлив стил.
„Во овој момент не можам да откријам повеќе за изгледот на часовникот“, вели тој.
Се планира часовникот да биде претставен на 8 септември, на Денот на независноста, па бројот на часовници, 30, е симболичен. Проектот ќе биде проследен со аукција и донација.
Б. НЕСТОРОСКА