СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ЈА ПОЧНУВА ПРОСЛАВАТА НА 95. РОДЕНДЕН СО ФИЛМСКИ ПИКНИК ВО ПАРК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Elephant enjoy water in a small swimming pool during an extremely hot day in ZOO in Skopje, Republic of North Macedonia on 30 July 2020.Because extremely hot weather with the temperature about 40 C degrees, the workers from Skopje's ZOO , prepared and served special frozen food and fruits for the animals.

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски парк на Школка (20:30 часот), скопската Зоолошка градина денеска го почнува одбележувањето на 95-годишнината од основањето. Оттаму најавуваат дека во наредните месеци се планирани едукативни и забавни настани во градината.

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот ‘Пинокио’, кој беше номиниран за оскар во две категории, е од жанрот фамилијарен/фантазија“, велат од скопската ЗОО.

Влезот ќе биде бесплатен.