БЕЛОНОСЕСТИ КОАТИЈА НОВИ ЖИТЕЛИ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Скопје. (СМАРТ СДК.МК)

Три белоносести коатија се нови жители во скопската Зоолошка градина. Тие се донација од Зоолошката градина во Љубљана и досега вакви животни немало во нашата градина.

„Белоносесто коати потекнува од шумските предели на Централна и Јужна Америка. Се нарекуваат уште и коатимунди. Тежат до четири килограми и со своите опашки многу потсетуваат на ракуни“, велат од скопската Зоолошка градина.

Во Зоолошка пролетва треба да пристигнат и фламинга, за кои веќе се гради живеалиште.