Сан Марино, микродржава окружена со Италија, слави историски успех на Олимписките игри во Токио, откако го освои својот прв олимписки медал досега. Тоа е заслуга на стрелачката Алесандра Перили, која стигна до бронзата во дисциплината трап, со што Сан Марино стана најмалата нација која освоила олимписки медал, преземајќи го овој статус од Бермуда. На зимските олимпијади рекордот го држи Лихтенштајн.
„Ова е прв медал за мене и за мојата земја. Ние сме мала земја, но многу горда. Сигурна сум дека дома е многу лудо и дека многу луѓе плачат“, изјави 33-годишната Перили.
Во Лондон во 2012 година, таа беше четврта во оваа дисциплина, што до денес беше најдобриот резултат на Сан Марино на Олимписките игри.
Основано во почетокот на четвртиот век, Сан Марино, кое има петмина олимпијци во Токио, се смета за најмалата република на светот. Има 34.000 жители и површина од само 61 квадратен километар.