СОПРУГАТА НА БОРИС ЏОНСОН Е ПОВТОРНО ТРУДНА ОТКАКО ИМАЛА СПОНТАН АБОРТУС

Лондон, (Би-Би-Си)

Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Симондс го чекаат второто дете, неколку месеци откако таа имала спонтан абортус. Триесет и тригодишната прва дама на Велика Британија напиша на Инстаграм дека бебето треба да се роди околу Божиќ.

„Се чувствувам благословено што повторно сум бремена. Во почетокот на годината имав спонтан абортус, што ми го скрши срцето. Беше утешно да се слушнат други кои преживеале слично искуство и се надевам дека и јас можам да помогнам на други луѓе“, напиша таа.

Џонсон и Симондс се венчаа во мај годинава на мала црковна церемонија, која претходно не беше најавена. Тие го добија синот Вилфред во април минатата година, набргу откако Џонсон го прележа ковид-19.

Џонсон е третиот британски премиер во изминатите 20 години кој добил дете додека бил на функцијата. Тој има четири деца од првиот брак со Марина Вилер.