Франција ги сопре Словенија и Лука Дончиќ на патот до сензационалното финале на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио, откако славеше во неизвесното второ полуфинале со 90:89.
Французите се последниот тим кој ќе се обиде да му се спротивстави на дрим тимот на САД, кој претходно ја победи Австралија со 97:78. Од 1936 година, САД имаат освоено 15 златни медали во кошарка.
Младата суперѕвезда на Словенија постигна скромни 16 поени за неговото реноме, откако во досегашниот дел од турнирот имаше просек од 26,3 кошеви по натпревар, најмногу на овие Олимписки игри. Тој исто така е еден од најдобрите скокачи и асистенти во Токио, каде што до финалето имаше одиграно вкупно 124 минути.
Во полуфиналето, Дончиќ го реализираше третиот трипл-дабл на овие ОИ (16 поени, 18 асистенции, 10 скокови), што претходно им успеа само на Александер Белов (Советски Сојуз) во 1976 и Леброн Џејмс (САД) во 2012.