ЛОНДОНСКО КАФУЛЕ СЛУЖИ „СЕЛФИЧИНО“

Лондон, (Ројтерс)
A customer drinks a 'Selfieccino' coffee at the Tea Terrace in London, Britain, December 19, 2017. REUTERS/Simon Dawson

Кафулето во Лондон „Тераса за чај“ стана првата локација во Европа која прави „селфичино“, односно слика од муштериите на пената на пијалокот.

Преку апликација за онлајн пораки, гостите ги испраќаат своите лица до шанкерот и избираат дали сакаат капучино или топло чоколадо како основа.

Сликата е поставена на машината „Чино” додека пијалокот е поставен на позиција. Сликата потоа се скенира и се репродуцира на пената со користење на боја без вкус.

Процесот трае околу четири минути, пред да се прикаже сликата на пената. Пијалокот чини околу 5,75 фунти.

„Поради социјалните медиуми, искуството на јадење и пиење целосно се промени”, изјави Ехаб Салем Шули, сопственикот на „Тераса за чај“.

„Веќе не е доволно само да се испорачаат одлична храна и одлична услуга, туку оброкот или пијалокот мора да биде достоен за на Инстаграм”, додава тој.