АНГЛИСКИ ФУДБАЛСКИ ТРЕТОЛИГАШ ГО ВКЛУЧИ ЕД ШИРАН ВО ТИМОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Ипсвич (Би-Би-Си)

Ед Ширан е вклучен во играчкиот кадар на англискиот третолигаш Ипсвич за новата сезона. Англискиот пејач е голем фан на клубот и ги обезбеди новите дресови за машката и женската екипа.

Тој го доби дресот со број 17 во официјалниот ростер на тимот за сезоната 2021/22.

„Кога ми кажаа од клубот, мислев дека се шегуваат, но ми се допаѓа идејата. Мислам дека ова ќе биде одлична сезона и почестен сум што ќе бидам дел од неа. Се надевам дека дресот е само церемонијален, зашто клубот никогаш нема да се пласира во повисок ранг ако играм јас“, изјави Ширан.

Ипсвич трета сезона по ред ќе игра во третата лига, но памети и подобри времиња: во 1962 беше шампион на Англија, а во 1981 го освои Купот на УЕФА.