ЗАБАВАТА ПОЧНА ВО НОВ ЗЕЛАНД, ОКЛЕНД ИСПУКА ПОЛОВИНА ТОН ОГНОМЕТ ЗА НОВА ГОДИНА

Окленд, (Дејли мејл)

Милиони луѓе низ целиот свет се подготвуваат за доаѓањето на 2018 година, а првата голема забава се случи во Окленд, главниот град на Нов Зеланд.

Половина тон огномет беше испукан од Воздушната кула, во моментот кога дојде полноќ, 12 часа пред нова година да пристигне во Македонија.

Подготовките за огнометот почнале уште пред шест месеци, со цел добро да се искоординира лансирањето на над 3.000 ракети.

По Нов Зеланд, новогодишната забава продолжи во Австралија, а потоа следуваат Кина, Јапонија и Јужна Кореја.