Со дизајни за помлада, трендовска клиентела, италијанскиот дизајнер Џорџо Армани одбележа 40 години постоење на неговата линија „Емпорио“.
Дизајнерот, кој пред 18 месеци беше првиот кој ги затвори ревиите за јавност поради пандемијата на ковид-19, сега ја претстави новата колекција пред публика во живо на Модната недела во Милано.
„Возбудливо е повторно да се види публика, но таа треба да одговори, да реагира. Повторно се изложуваме на ризик: дека можеби нема да има аплауз, дека луѓето ќе ја напуштат просторијата“, изјави Армани по ревијата.
Линијата „Емпoрио“ настана во време кога италијанската мода почна да остава траги на светската сцена. Армани сакаше да ја прошири својата публика и на помладите, но со многу пари.
„Го паметам денот кога го нацртав орелот, кој стана лого на ‘Емпорио’. Разговарав по телефон со мојот тогашен соработник Серџо Галеоти, кој ми рече дека мора да создадеме наш ‘Лакоста’. Јас си реков: ‘Што лета високо, над сѐ? Орел‘“, вели тој.
Во тоа време, брендот го шокираше светот со тоа што го внесе џинсот во колекциите. Ревијата во Милано отвори токму со дизајн од џинс.
„Продолжувам со иновации. Тоа е мој начин на размислување и никогаш нема да се откажам“, вели 87-годишниот Армани.