ВО РУСИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРВАТА ЦАРСКА ВЕНЧАВКА ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК

Санкт Петербург, (Ројтерс)

Во Русија ќе се одржи првата венчавка на потомок на руското царско семејство по повеќе од еден век. Големиот војвода Георги Михајлович Романов ќе се ожени со својата италијанска свршеница Викторија Романовна Бетарини во црквата „Свети Исак“ во Санкт Петербург, во присуство на голем број гости од странство.

„Санкт Петербург беше првото место во Русија во кое што се вративме и е многу, многу блиску до моето семејство“, вели 40-годишниот Михајлович.

Тој е роден во Шпанија, а неговите родители се големата војвотка Марија Владимировна, самопрогласената наследничка на рускиот престол и големиот војвода Михаил Павлович. Најголем дел од животот поминал во Шпанија и Франција.

Неговиот прапрадедо, големиот војвода Кирил Владимирович, избегал во Финска во 1917 година и подоцна се скрасил во западна Европа.

Династијата Романов владеела со Русија 300 години, пред Николај Втори да абдицира во 1917 по Февруарската револуција. Тој и неговите сопруга и пет деца биле убиени во јули 2018.