ФОРМУЛА 1 ГО ДОБИ ПРВИОТ КИНЕСКИ ВОЗАЧ ВО ИСТОРИЈАТА

Рим, (Би-Би-Си)

Гванју Џу ќе биде првиот кинески возач во Формула 1 откако потпиша договор со тимот на Алфа Ромео. Дваесет и двегодишниот Џу ќе му биде партнер на Валтери Ботас, кој доаѓа од Мерцедес на местото на Кими Раиконен, кој ќе се пензионира на крајот на сезоната.

Џу моментално вози во Формула 2, каде што оваа сезона оствари три победи и се наоѓа на второто место во поредокот.

„Од рана возраст сонував како се искачувам вака високо во спортот што го обожавам и сега тој сон ми се остварува. Се чувствувам подготвено за огромниот предизвик што го носи Формула 1“, изјави Џу.

Тој беше дел од возачката академија на Ферари од 2014 до 2018, по што беше тест-возач на Рено.