Индиски бизнисмен изгради смалена реплика на Таџ Махал како куќа за својата сопруга, со која е во брак 27 години. Ананд Пракаш Чоукси го изградил својот „споменик на љубовта“ во градот Буранпур.
„Тоа е подарок за мојата сопруга, но и за мојот град и сите негови луѓе“, изјави 52-годишниот Чоукси, додавајќи дека потрошил 260.000 долари за да ја изгради куќата.
Таџ Махал, мавзолеј од 17. век, бил изграден од царот Шах Џахан во спомен на неговата сопруга Мунтаз, која починала додека го раѓала нивното 14. дете. Денес е една од најголемите туристички атракции во Индија и до пандемијата, го посетувале 70.000 луѓе дневно. Чоукси вели дека и неговата реплика почнала да привлекува луѓе, иако се наоѓа на приватен имот.
„Никого не бркам зашто ние сме мала заедница во која сите меѓусебно се познаваме. Некои почнаа тука да прават и свадбени фотографии“, кажа Чоукси.
Иако Таџ Махал му бил главна инспирација, Чоукси вели дека внатрешноста не е целосно исламска, туку има и модерни влијанија.