НОВА 3-Д ИЗЛОЖБА НА КЛОД МОНЕ ЌЕ ГИ ВНЕСЕ ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВО НЕГОВИТЕ СЛИКИ

Мајами, (Лонли планет)

По успешната турнеја на 3-Д изложбата на Винсент ван Гог во САД, сличен третман ќе добие и водечкиот француски импресионист Клод Моне.

Изложбата „Beyond Monet“ ќе се отвори во Мајами во јануари, при што големи фабрички простори ќе бидат претворени во свет од сништата на Моне, дизајнирани да ги затворат посетителите во неговите славни слики. Гостите ќе лутаат низ подвижните слики додека дигитални проектори прикажуваат анимирани верзии на повеќе од 400 дела на Моне, придружено од современа музика и глас кој ги чита мислите и пишувањата на уметникот.

„Изложбата ќе биде поделена на три дела и навистина ќе се чувствувате како дел од светол и шарен свет на Клод Моне, а не како гледач. Ова ќе биде една од најголемите изложби од овој вид, бидејќи ќе покрие простор од речиси 30.000 кубни метри. Таа ќе им овозможи на посетителите буквално да стапнат во најславните слики на Моне“, вели Џастин Пакин, копродуцентот на изложбата.