Додека фановите се во очекување на финалето на шпанската хит серија „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel), чии последни пет епизоди утре ќе бидат објавени на „Нетфликс“, тоа не значи и дефинитивно збогување со овој свет.
„Нетфликс“ потврди дека ќе снима спиноф серија која ќе се фокусира на еден од најинтригантните ликови Берлин, кого маестрално го глуми Педро Алонсо.
„Грабежот можеби се ближи кон својот крај, но приказната продолжува“, навести стриминг гигантот.
Новата серија би требала да излезе во 2023 година и се очекува да ги раскаже почетоците на Берлин. Во „Куќа од хартија“, Берлин е постариот брат на Професорот и се бори со неизлечива болест. „Нетфликс“ не откри други детали за новата серија.