КАРДИОХИРУРГОТ САШКО ЈОВЕВ ЈА ПОНЕСЕ ТИТУЛАТА МАЖ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кардиохирургот Сашко Јовев е прогласен за Маж на годината во традиционалниот избор на „Џентлмен магазин“. На гала вечерта во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Скопје им беше оддадено признание на најуспешните мажи во Македонија за 2021 година.

Главната награда му припадна на д-р Сашко Јовев, кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата. Меѓу останатите наградени се:

  • Маж странец во Македонија: Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје
  • Менаџер на годината: Горан Цетинов, генерален директор на „Нептун“
  • Млад менаџер: Игор Милановиќ, менаџер за продажба на „Хуавеи“ во Македонија
  • Менаџер на годината до 40 години: Војдан Карапетковски, извршен директор на дигиталната агенција „Кара5“
  • Маж со најголем придонес во културата: Симеон Мони Дамевски, актер, продуцент и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“
  • Маж со најголем придонес во спортот: Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската федерација на Македонија
  • Маж со најдобар стил: д-р Злате Мехмедовиќ
  • Маж со трајни вредности: Драган Б. Костиќ
  • Маж во избор на социјалните медиуми: Борче Стаменов