БЕТИ ВАЈТ ЌЕ ГО СЛАВИ 100. РОДЕНДЕН ВО КИНО И СИТЕ СЕ ПОКАНЕТИ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Се ближи 100. роденден на американската актерка Бети Вајт и таа најави дека ќе го прослави во кино и притоа ги покани сите на нејзината забава.

На 17 јануари, во 900 киносали низ САД ќе се прикаже документарниот филм „Бети Вајт: 100 години млада – роденденска прослава“, преку кој фановите ќе можат да ги преживеат животот и кариерата на легендарната актерка.

„Ќе имам голем роденден, директно на големото платно. Купете карта и придружете ми се“, напиша Вајт на Инстаграм.

Во филмот од еден час и 40 минути се појавуваат и Рајан Рејнолдс, Тина Феј, Клинт Иствуд, Роберт Редфорд, Лин Мануел-Миранда, Морган Фриман, Џеј Лено, Џејмс Корден, Џими Кимел и други.

Оваа година, Вајт скромно го прослави роденденот поради пандемијата на коронавирусот.

„Благословена сум со добро здравје. Да се полни 99 години не е ништо поразлично од 98“, кажа тогаш Вајт.