ЏЕЈСОН МОМОА И ЛИЗА БОНЕТ СЕ РАЗДЕЛИЈА ПО 16 ГОДИНИ ЗАЕДНИЧКИ ЖИВОТ

Лос Анџелес, (АП)

Џејсон Момоа и неговата сопруга Лиза Бонет објавија дека се разделиле по 16 години заеднички живот.

„Сите ги почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња. Револуција се одвива и нашето семејство не е исклучок. Сакавме ова јавно да го објавиме за да можеме достоинствено и искрено да продолжиме со нашите животи“, се вели во заедничката изјава на двајцата актери на Инстаграм.

Момоа (42) и 12 години повозрасната Бонет ја почнаа врската во 2005, пред тој да се прослави со серијата „Игра на тронови“, а се венчаа дури во 2017. Првото заедничко дете, ќерката Лола, ја добија во 2007, а следната година им се роди синот Накоа-Волф.

Бонет претходно беше мажена за рокерот Лени Кравиц.