ПОЧИНА ПАКО ХЕНТО, ФУДБАЛЕР СО НАЈМНОГУ ОСВОЕНИ ЕВРОПСКИ ТИТУЛИ

Мадрид, (АФП)

Пако Хенто, легендата на Реал Мадрид и фудбалер со најмногу освоени европски титули, почина на 88 години, објави „кралскиот клуб“. Тој шест пати славеше во некогашниот Куп на европските шампиони (1956-1960 и потоа во 1966) и 12 пати беше шампион на Шпанија за 18 сезони поминати во дресот на Реал Мадрид.

Хенто постигна 182 гола на 600 натпревари за Реал и 43 пати настапи за репрезентацијата на Шпанија, вклучувајќи ги светските првенства во 1962 и 1966.

На Реал му се придружи од Расинг Сантандер во 1953 и во следните 18 години освои вкупно 23 трофеи, клупски рекорд што од неделата го дели со Бразилецот Марсело.

По смртта на својот легендарен соиграч Алфредо ди Стефано во 2014, ја презеде титулата почесен претседател на Реал.