ТЈЕРИ МУГЛЕР Ѝ ПРИСТАПУВАШЕ НА МОДНАТА ПИСТА КАКО ДА Е ТЕАТАР (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Париз, (Гардијан)

Од лансирањето на својот истоимен бренд во 1973 до пензионирањето во 2002, Манфред Тјери Муглер ѝ пристапуваше на модната писта како да е театар. Прославениот француски моден дизајнер, кој почина на 73 години, зад себе остави наследство од смели колекции што беа предводници на структурираниот, декадентен стил кој стана познат како „моќно облекување“.

„Влажниот“ фустан на Ким Кардашијан за Мет гала во 2019

„Тој беше безвременски и пред своето време. Неговите облеки ги одразуваа жештината и сексуалноста на доцните 1970-ти и раните 1980-ти“, изјави супермоделот Џери Хол, заштитно лице на неговиот популарен парфем „Ејнџел“.

Од колекцијата есен/зима 1997

Името на Муглер е тесно поврзано со современата поп култура благодарение на соработката со бројни музичари како Дејвид Боуви, Бијонсе, Леди Гага, Ријана, Дајана Рос и Џорџ Мајкл, за чиј спот „Too Funky“ од 1992 ги дизајнираше сите костими.

Фустан од колекцијата пролет/лето 1995, инспириран од сликата на Ботичели „Раѓањето на Венера“
Од колекцијата есен/зима 1979
Супермоделот Ема Виклунд во спотот за песната „Too Funky“
Дејвид Боуви позира за колекцијата пролет/лето 1992
Од колекцијата пролет/лето 1995
Ги дизајнираше костимите за светската турнеја на Бијонсе во 2010 (Фото: Гети)