Над милијарда години стар црн дијамант, за кој се верува дека е најголемиот избрусен дијамант на светот, се продаде на онлајн аукција за 3,16 милиони фунти (3,75 милиони евра). Наречен Енигма, дијамантот од 555,55 карати, што е тежина на просечна банана, бил купен со криптовалута, но не ја постигна очекуваната цена од над 4,4 милиони фунти.
Постојат различни теории за потеклото на дијамантот, вклучувајќи дека дошол на Земјата со астероид. „Сотбис“ не го именуваше купувачот, но тој подоцна се претстави како бизнисменот со криптовалути Ричард Харт.
Црните дијаманти, познати и како карбонадо, се многу ретки и во природата се најдени само во Бразил и Централноафриканска Република. Теоријата за нивното космичко потекло е заснована врз тоа што содржат осборнит, минерал што е пронајден само во метеори. Обично се стари меѓу 2,6 и 3,2 милијарди години, време пред да постоеле диносаурусите.