Архитектонското студио „Стјуфиш“ го изгради она што го нарече најголемиот калеидоскоп на светот, инсталација со огледала во која постојано се менуваат слики на Саудиска Арабија. Долг 40 и висок шест метри, калеидоскопот беше поставен на технолошката конференција LEAP во Ријад и на посетителите им овозможи прошетка низ тридимензионално искуство.
Наречен LEAPscape, калеидоскопот беше направен од ЛЕД-плочки, на кои се прикажуваа пејзажите на Саудиска Арабија и од затегната огледална фолија, која овозможи доживување без искривувања и визуелни прекини. Токму поради користењето на фолија, место стакло или челик, инсталацијата беше многу лесна и тежеше само 15 килограми.