Букинг платформата „Ербиенби“ објави дека ќе обезбеди бесплатно, привремено сместување за 100.000 бегалци од Украина. Шефовите на компанијата Брајан Чески и Џо Гебија испратија писмо до лидерите на Полска, Романија, Германија и Унгарија, нудејќи помош за сместување на луѓето кои бегаат од руската инвазија. Овие четири држави ја делат границата со Украина.
Најмалку 300.000 украински бегалци влегле во Европската Унија откако Русија ја нападна нивната земја пред пет дена и Брисел очекува бројот да порасне на неколку милиони.
„‘Ербиенби‘ тесно ќе соработува со владите за да им се помогне на бегалците во нивните земји, вклучувајќи обезбедување долготрајно сместување“, соопшти американската компанија.