НИЗ СВЕТОТ СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА НА УКРАИНА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Берлин, (Дојче веле)

Низ цел свет викендов се протестираше во знак на поддршка на Украина, која влезе во петтиот ден од руската инвазија, во која што досега загинале речиси 400 Украинци.

Њујорк (Фото: Гети)

Илјадници луѓе маршираа во Лондон, Сиднеј, Женева, Франкфурт, Берлин, Милано, Атина, Хелсинки, Њујорк…, при што се вееја украински знамиња и беа истакнати пораки на осуда на Путин и Русија. Многумина побараа од своите влади да воведат построги мерки кон Русија.

Протести имаше и во Русија, но беа проследени со масовни апсења.

Талин (Фото: Твитер)

„Во Естонија се случија најголемите демонстранции во модерната историја на земјата во знак на поддршка на Украина. Му благодарам на естонскиот народ за солидарноста во овие тешки времиња“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер.

Милано (Фото: Гети)
Истанбул (Фото: Гети)
Прага (Фото: АФП)
Вашингтон (Фото: АП)
Санкт Петербург (Фото: АП)