Документарниот филм „Како да ја дефинираш ароганцијата?“ на Небојша Илијевски утре премиерно ќе се прикаже во кино Фросина во МКЦ (20 часот). Илијевски е сценарист, режисер и монтажер на филмот, а продукцијата е на „Холистик филмс“.
„Ова е филм за последиците од делувањето на властите, профитерите и бирократијата врз животите на ‘малите луѓе‘, но и за спознанието за моќта на тој ‘мал човек‘, кој е потиснуван од ароганцијата и заробен во своите стравови, мисли и шаблони. Филмот го освестува потенцијалот да живееш место да живуркаш, фокусирајќи се на суштината место на формата“, се вели во најавата на филмот.
Автор на музиката е Бобан Лазовски, Бошко Столиќ и Томислав Георгиев се сниматели, а анимациите се на Ратомир Цениќ.