Откако наводно одбил да се појави на Оскарите, украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на доделувањето на музичките награди Греми за да побара поддршка за Украина.
„Нашите музичари носат панцири место одела. Тие им пеат на ранетите во болниците, дури и на оние кои не можат да ги слушнат. Но, музиката ќе се пробие“, кажа Зеленски во однапред снимената видеопорака.
Тој побара од музичарите да ја исполнат тишината што останала зад руските бомби со својата музика.
„Што е спротивно на музика? Тишината на уништените градови и убиените луѓе. Поддржете нè на каков било начин можете, само не со вашата тишина. Исполнете ја тишината со музика. Кажете ја вистината за војната на социјалните мрежи и телевизија“, кажа Зеленски, додека во публиката седеа ѕвезди како Леди Гага и Џастин Бибер.
Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, многумина украински музичари се придружија на борбата.