ТОНИ БЕНЕТ ДОБИ ГРЕМИ НА 95 ГОДИНИ, НО НЕ Е НАЈСТАРИОТ ОСВОЈУВАЧ ДОСЕГА

Лас Вегас, (АП)

Тони Бенет стана вториот најстар освојувач на Греми награда откако триумфираше во категоријата најдобар традиционален поп албум. Деведесет и петгодишниот Бенет беше награден за албумот „Love For Sale“, што го сними заедно со Леди Гага.

Тие го објавија албумот во септември 2021 како посвета на композиторот Кол Портер, еден месец откако Бенет соопшти дека престанува со настапите во живо. Ова е 20. Греми награда во кариерата на Бенет.

Најстариот освојувач на Греми останува Пајнтоп Перкинс, кој имаше 97 години кога во 2011 победи во категоријата најдобар традиционален блуз албум. Тој почина само еден месец подоцна.