„АЛКАЛОИД“ СО КАМПАЊА „60 СЕКУНДИ ЗДРАВЈЕ“ ЗА ПОЗДРАВ ЖИВОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Алкалоид“ го одбележа 7 април-Светскиот ден на здравјето со креативна работилница за децата на вработените во компанијата.

Најмалите членови на големото семејство „Алкалоид“, на возраст од 4 до 14 години, цртаа, разговараа, дебатираа и кажуваа колку знаат за здравјето. Почнувајќи од 7 април, па во наредните неколку месеци, тие ќе отвораат нови поглавја на темата здравје, истражувајќи за здравата исхрана, здравата животна средина, спортот, здравиот сон, позитивното размислување и за слични теми што го засегаат секој поединец.

Влоговите насловени „60 секунди здравје“ ќе се постираат на каналите на „Алкалоид“ на социјалните мрежи и ќе имаат цел да ја подигнат свеста за поздрав живот на секој поединец.