Филхармонијата му го посветува својот вечерашен концерт на големиот диригент Саша Николовски-Ѓумар, кој почина пред пет години.

На концертот насловен „Омаж за Саша Николовски-Ѓумар“ (20 часот) ќе бидат изведени две дела од Рахмањинов (Концерт за пијано и оркестар бр. 3 и Симфониски танци), а како солист ќе настапи пијанистот Дино Имери.

Диригент ќе биде Вања Ѓумар Николовски, братот на Саша Николовски, кој подолго време живее и работи во САД.