ВЛАСТИТЕ НА ЛИСАБОН НАРЕДИЈА ЗА СЕКОЕ ИСУШЕНО ДРВО ДА СЕ ПОСАДАТ ДВЕ НОВИ

Лисабон, (АФП)

Градските власти на Лисабон донесоа уредба според која секое исушено дрво мора да се замени со две нови. Целта е да се удвои бројот на дрвјата во градот, а уредбата не ги обврзува само општинските власти, туку и граѓаните, кои исто така ќе мора да ги заменат болните или мртвите дрвја со нови.

Ако некој сака да засади нов вид на дрво или грмушка, за тоа ќе мора да добие одобрение од градскиот совет. Исто така, предност ќе имаат видови кои се поотпорни на климатските промени.

Лисабон не е единствениот европски град кој се обидува да ги зголеми своите зелени површини. Милано амбициозно најави дека ќе засади три милиони дрвја до 2030 година, додека Париз планира да создаде четири нови урбани шуми.