МАСК СЕ ОТКАЖА ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА ТВИТЕР

Њујорк, (Би-Би-Си)

Илон Маск одлучи да не му се придружи на управниот одбор на Твитер, изјави извршниот шеф на компанијата Параг Агравал. Тоа требаше да се случи викендов, откако Маск минатата недела купи 9,2% од акциите на Твитер, со што стана неговиот најголем акционер.

„Илон нè извести дека нема да стане член на управниот одбор“, изјави Агравал.

Овој викенд, Маск предложи големи промени на оваа социјална мрежа, при што ги праша своите 81 милион следбеници дали Твитер умира и дали неговото седиште треба да се претвори во засолниште за бездомници. Тој исто така предложи буквата w да се отстрани од Твитер.

„Твитер му понуди на Илон Маск место во управниот одбор, но мислам дека вака е најдобро“, кажа Агравал.

Во појаснувањето на својата одлука, Маск кажа дека неговото учество во компанијата е пасивно и дека нема намера да влијае врз нејзините големи стратешки одлуки.