ГРЦИЈА ГО ОТВОРИ НАЈГОЛЕМИОТ СОЛАРЕН ПАРК СО ДВОСТРАНИ ПАНЕЛИ ВО ЕВРОПА

Атина, (Јуроњуз)

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис отвори нов соларен парк, кој е најголемиот систем со двострани панели во Европа.

Мицотакис вети дека владата ќе го забрза одобрувањето проекти за обновлива енергија, додека земјата планира до 2030 година да ги удвои своите капацитети до околу 19 гигавати.

Соларниот парк од 204 мегавати се наоѓа во близина на северниот град Кожани и е изграден од најголемата грчка нафтена компанија „Хеленик петролеум“. Овој парк ќе обезбедува струја за 75.000 домаќинства.