БРИТНИ СПИРС ОБЈАВИ ДЕКА Е ТРУДНА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Бритни Спирс објави дека е трудна и дека го чека првото дете со свршеникот Сем Асгари, што следува неколку месеци откако успеа да се ослободи од повеќегодишното старателство, во кое татко ѝ имаше контрола врз нејзиниот приватен и професионален живот. Четириесетгодишната поп ѕвезда има двајца синови од бракот со танчарот Кевин Федерлајн, кои сега имаат 15 и 16 години.

Спирс и Асгари се запознаа во 2016 година на снимањето на музички спот и таа неодамна откри дека согласно условите од старателскиот договор, не смеела да се омажи и да има деца со него.

„Ми беше кажано дека нема да можам да се мажам и да имам уште деца. Во суштина, старателството ми причини повеќе штета отколку добро“, кажа Спирс на судското сведочење минатата година.

Спирс во минатото зборуваше дека страдала од постпородилна депресија при претходните бремености, што го опиша како ужасно искуство.