АСТРОНОМИТЕ НА НАСА ЈА СЛЕДАТ НАЈГОЛЕМАТА КОМЕТА ДОСЕГА ОТКРИЕНА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Комета со јадро 50 пати поголемо од нормалното се движи кон Земјата со брзина од 35.200 километри на час. Телескопот на НАСА „Хабл“ утврдил дека леденото јадро на кометата има маса од околу 500 трилиони тони и е широко 137 километри.

Сепак, НАСА додава дека нема причини за загриженост, зашто најблиску до нас ќе помине на 1,6 милијарди километри од Сонцето, што ќе се случи во 2031 година. Кометата првпат била забележана во 2010, но „Хабл“ дури сега ја потврдил нејзината големина. Астрономите велат дека е најголемата досега видена.

„Отсекогаш се сомневавме дека кометата е огромна зашто е многу светла на така голема дистанца. Сега имаме потврда за тоа“, изјави Дејвид Џуит од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес.

НАСА ја опиша кометата како „ѕвер која се движи кон нас“. Таа потекнувала од раните денови на формирањето на планетите.