Europe House Скопје го одбележува Светскиот ден на уметноста заедно со студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности со целодневен настан во Сули ан. Таму ќе бидат изложени 40 дела на студентите од ФЛУ, а ќе има и проекции на студентски филмови од ФДУ, перформанси, разговори за уметноста и културата и музика.
Настанот се отвора во 14 часот.
Светскиот ден на уметноста се слави на 15 април под покровителство на УНЕСКО, со цел да ги промовира развојот, разноликоста, распространетоста и уживањето во уметноста.
По ист повод, изложба ќе има и во дворот на Министерството за култура. Изложбата „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која се отвора во 13:30 часот, се организира по шести пат, при што ќе се претстават осуммина домашни автори.