СЕЛО ВО ШПАНИЈА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО ВО УКРАИНА ВО ЗНАК НА СОЛИДАРНОСТ

Мадрид, (Ројтерс)

Питомо село во јужна Шпанија го промени името во Украина во знак на солидарност со оние кои страдаат во воениот конфликт оддалечен над 4.000 километри. На кружниот тек на влезот во селото со повеќе од 7.100 жители веќе е поставен натпис, на кој место досегашното име Фуентес де Андалусија стои Украина.

Исто така, и улиците во селото источно од Севилја се преименувани во чест на Киев, Одеса и Мариупол.

„Сакаме да ја кренеме свеста за војната во Украина“, вели локалниот жител Франсиско Мартинес.

Жителите за два дена собрале 3.500 евра за планираниот центар за бегалци. Селото сака да понуди сместување за 25 бегалци во центарот или во приватни домови. Шеесет и осумгодишниот Рафаел Осуна вели дека би примил украинска двојка во својата куќа.

„Луѓето од Фуентес се многу горди на ова што го прават. Бидејќи живеам сам, а имам голема куќа, би можел да примам бегалци“, кажа Осуна.