Помошничка во продавница во Шпанија, која беше отпуштена бидејќи ја кажала вистината за Дедо Мраз на дете на клиент, нема да се врати на работа, одлучи судот.
Во пресудата донесена денес од судот во Санта Крус де Тенерифе, стои дека отпуштањето на продавачката како дисциплинска мерка е оправдано.
Судот ја одби жалбата на жената за нејзиното отпуштање пред повеќе од две години.
Настанот кој довел да добие отказ се случил пред Божиќ во 2015 година. Работејќи во одделот за накит и часовници во продавницата Ел Корте Инглес, жената предложила седумгодишното девојче и нејзиниот татко да одат во друг дел од продавницата за да може нејзината мајка да ги купи нивните божиќни подароци.
Девојчето било вознемирено од сугестијата дека родителите ги купуваат божиќните подароци, стои во пресудата, додавајќи дека родителите исто така биле вџашени. Шефот на одделот бил принуден да се извинува во име на жената.
Пред инцидентот, жената во неколку случаи оставила впечаток дека се однесува со бунтовнички манири, стои во пресудата.