Палатата Кенсингтон потврди дека Меган Маркл, свршеничката на принцот Хари, ги затворила нејзините профили на социјалните мрежи во согласност со кралската традиција.
Американката ги исклучи нејзините профили на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Палатата кажа дека Маркл е благодарна на сите кои ја следеа преку нејзините профили на социјалните медиуми низ годините, но дека не ги користела одредено време. Сепак нема место за загриженост за оние што го следат кралското семејство, бидејќи палатата Кенсингтон има свои профили.
Промената се случи откако принцот Хари и Меган ја посетија општинската радио станица во Брикстон, која ги обучува младите на медиумски вештини. Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ги поздрават. Тоа беше втора официјална посета на парот, откако ја објавија нивната свршувачка лани во ноември.
Американската актерка и внукот на Кралицата ќе се венчаат на 19 мај во Виндзор.