ФРОНТМЕНОТ НА „ФОЛТИН“, БРАНИСЛАВ НИКОЛОВ, ГО ОБЈАВИ ПРВИОТ АЛБУМ ПОД ИМЕТО ПИЈАН СЛАВЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фронтменот на „Фолтин“, Бранислав Николов, го објави првиот албум под своето алтер-его Пијан Славеј.

Во издание на Скопскиот џез фестивал, миниалбумот насловен „Пијан Славеј“ содржи пет авторски композиции во времетраење од 18 минути. Албумот и официјално ќе биде промовиран вечерва од 20 часот во скопскиот бар „Макка“.

Покрај Николов, во снимањето на албумот учествуваа и Пеце Трајковски-Брада (дигитална хармоника, гитара, програмирање), Андреа Мирческа (контрабас), Мартин Џорлев (клавијатури), Мартина Баракоска (тапани), Сара Мејс (харфа), Петар Христов (кларинет) и Никола Ристановски (глас).

Пијан Славеј“ е 48. издание под етикетата на СЏФ.