Студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршки факултет во Скопје ја одржаа својата 22. годишна ревија, која овојпат беше замислена како перформанс.
Под менторство на професорката Лидија Георгиева, во проектот првпат беа вклучени и студенти од Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за драмски уметности и од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Тема на ревијата беше метаверзум, виртуелен свет чиј развој најави Марк Закерберг.
„Метаверзум или универзум? Ова прашање им го поставивме на нашите студенти и бевме изненадени од одговорите што ги добивме. Иако не се воздржуваат од употребата на сите најнови технолошки достигнувања, генерациите кои доаѓаат сепак го преферираат човечкиот контакт. Постои надеж. Нашата ревија годинава решивме да ја наречеме перформанс и да пренесеме силна порака. Токму поради изолираноста во која што живеевме, сега сакавме да се поврземе од почеток и да создадеме нешто заедно“, вели Георгиева.