„Пежо“ го претстави својот нов модел „408“, дизајниран како фастбек теренец.
Теренците (СУВ) се исклучително популарни во Европа во изминатите години, при што имале удел од 46% во вкупната продажбата на нови автомобили во Франција во мај. Но, во „Пежо“ веруваат дека нивната сеприсутност натерала некои возачи да побараат нешто пооригинално.
„Нашата цел се возачи кои посакуваат пооригинален и поиновативен стил од компактен СУВ“, велат од „Пежо“.
Главната особина на фастбекови е единечниот наклон од покривот кон задниот дел на возилото. Затоа „408“ е понизок и подолг од теренецот „3008“ и има течна и аеродинамична линија што му дава карактеристична силуета.
„408“ ќе се продава во Европа од почетокот, а во Кина од средината на 2023. Во почетокот ќе има бензинска и хибридна верзија, пред да стане целосно електричен.