ВО ИЗРАЕЛ ОТКРИЕНА ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ЏАМИИ НА СВЕТОТ

Тел Авив, (АФП)

Израелските археолози открија ретка древна џамија во јужниот дел на земјата, што, како што велат властите, фрла светлина врз транзицијата на регионот од христијанство на ислам.

Остатоците од џамијата, за која се верува дека е стара 1.200 години, се пронајдени при изградбата на нова населба во градот Рахат. Тие вклучуваат квадратна просторија и ѕид свртен во правец на Мека.

Овие уникатни архитектонски елементи покажуваат дека зградата била користена како џамија“, велат од Израелската агенција за антиквитети.

Пред три години, во близина беше откриена уште една џамија, која датира од седмиот или осмиот век и археолозите велат дека овие две места се некои од најстарите познати џамии на светот.

Муслиманите го освоиле регионот во првата половина на седмиот век.