Во подготовка е биографски филм за покојната британска пејачка Ејми Вајнхаус, што ќе го режира Сем Тејлор-Џонсон, која се прослави со „Педесет нијанси сиво“.
Насловен „Back To Black“, филмот ќе се осврне на животот и музиката на шесткратната освојувачка на Греми, која почина на 27 години од труење со алкохол во 2011.
„‘Back To Black‘ ќе се прави со целосна поддршка од семејството на Ејми Вајнхаус. Сценариото е веќе напишано“, објави филмското студио „Студиоканал“.
Досега се снимени неколку документарци за Вајнхаус, од кои „Ејми“ беше награден со Оскар во 2016.