НАЈСТАРАТА МАШКА ПАНДА НА СВЕТОТ УГИНА НА 35 ГОДИНИ

Хонгконг, (Ројтерс)

Ан Ан, најстарата машка панда под човечка грижа на светот, угина на 35 години откако беше евтаназиран поради нарушено здравје. Од тематскиот парк во Хонгконг каде што живееше од 1999 кажаа дека тоа е рамно на 105 човечки години.

Ан Ан и Џија Џија, која угина во 2016 на 38 години, беа подарок од кинеската влада.

Благодарни сме што имавме можност да се грижиме за Ан Ан и Џија Џија, кои помогнаа Оушн парк да стане важна база за заштита на пандите. Ан Ан е незаменлив член на нашето семејство и растеше заедно со нашиот парк“, соопшти паркот, кој е дом на уште две панди.