Редок розев дијамант, тежок 34 грама, е пронајден во Ангола и се верува дека е најголемиот во изминатите 300 години. Каменот од 170 карати е именуван Луло Розе, според рудникот каде што бил ископан.
Се верува дека ова е најголемиот ископан розев дијамант од Дарија-и-Нор од 185 карати, кој бил исечен од уште поголем камен пронајден во Индија и сега е дел од иранската круна.
Ова е петтиот најголем дијамант ископан во рудникот Луло и слични дијаманти досега достигнуваа цена од десетици милиони долари. Дијамант наречен Розева ѕвезда во 2017 се продаде за 71,2 милиони долари во Хонгконг.
„Невозможно е да се процени колкава цена би можел да достигне Луло Розе сè додека не се исече“, изјави Џоана Харди, независна експертка за скапоцени камења.
Розеви дијаманти се исклучително ретки, но и многу цврсти и тешки за обработка и обликување.