ДУА ЛИПА ПРОГЛАСЕНА ЗА ПОЧЕСНА АМБАСАДОРКА НА КОСОВО

Приштина, (НПР)

Косовската претседателка Вјоса Османи ја прогласи поп ѕвездата Дуа Липа за почесна амбасадорка на најмладата европска држава.

Дваесет и шестгодишната Липа е родена во Лондон, но дел од тинејџерските години ги поминала во родната земја на нејзините родители. Во Британија се вратила на 15 години, со цел да гради музичка кариера.

„Чест ми е што можам да ја претставувам мојата татковина низ светот. Косовската младина заслужува слободно да патува и да има големи соништа“, изјави Липа.

Таа досега има објавено два албума, за кои освои бројни награди.