НАД 50 ИЗВЕДУВАЧИ И 100 ВИДОВИ ПИВО НА ПЕТДНЕВНИОТ СКОПСКИ ПИВОЛЕНД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од 100 видови пиво ќе можат да се пробаат на скопскиот Пиволенд, кој се враќа по пет години пауза. Пиволенд 2022 ќе трае пет дена, од среда до 4 септември, а неговата нова локација е плоштад Македонија.

Програмата ќе биде поделена на две сцени, при што во музичкиот дел ќа настапат повеќе од 50 изведувачи, меѓу кои се „Архангел“, Наум Петрески, Миле Кузмановски, „Фолтин“, „ДНК“, Игор Џамбазов, „Ареа“, „Конкеринг лајон“, „Фанк шуи“, „Баклава“, „Последен удар“, „Тотално опуштање“…

„Пиволенд го враќаме во полн сјај. Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма и дегустација на повеќе од 100 видови пиво и одлична храна. Оваа година целата манифестација ќе се одвива на плоштад Македонија“, велат организаторите.

Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд „Сол ночиво“, во кој членуваат млади од здружението „Во мојот свет”, кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар.