„КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“ ДОБИ ВТОРА СЕЗОНА, ГИ УРИВА РЕКОРДИТЕ НА ГЛЕДАНОСТ НА ЕЈЧ-БИ-О

Њујорк, (Ројтерс)

Куќата на змејот“, долгоочекуваната приквел серија на „Игра на тронови“, експресно беше обновена за уште една сезона откако првите епизоди се покажаа голем хит.

Заснована врз книгата на Џорџ Р. Р. Мартин „Оган и крв“, серијата на Ејч-Би-О се случува 200 години пред настаните во „Игра на тронови“ и се фокусира на семејството Таргарјен.

Ејч-Би-О објави дека гледаноста на втората епизода била поголема за 2% во однос на премиерата, која ги урна рекордите на оваа ТВ-мрежа. Завчерашната епизода привлекла 10,2 милиони гледачи, додека 9,986 милиони ја гледале првата епизода, која за една недела собрала речиси 25 милиони прегледи.