Дванаесеттото издание на музичкиот фестивал Здраво млади ќе се одржи вечерва во кругот на Младински културен центар во Скопје. Програмата почнува во 19 часот, а ќе се одвива на три бини.
Во летниот парк ќе има две бини, голема и мала, а во холот на МКЦ ќе настапуваат диџеи на АМОК бината.
Српскиот бенд „Шајзербитерлемон“, кој пред три години имаше незаборавен настап во тоалетот на МКЦ, во последен момент ја пополни листата учесници, која брои вкупно 15 изведувачи, кои доаѓаат од цел свет.