ВО ЗИМБАБВЕ ПРОНАЈДЕН НАЈСТАРИОТ АФРИКАНСКИ ДИНОСАУРУС

Зимбабве, (Би-Би-Си)

Остатоци од најстариот диносаурус во Африка, кој живеел пред повеќе од 230 милиони години, се пронајдени во Зимбабве. Mbiresaurus raathi бил висок еден метар, трчал на две нозе и имал долг врат и назабени заби.

Научниците велат дека ова бил вид на сауроподоморф, роднина на сауроподи, кои оделе на четири нозе.

Скелетот е пронајден за време на две експедиции, во 2017 и 2019 година, во долината на реката Замбези.

Кога зборуваме за еволуцијата на раните диносауруси, фосилите од тријасот се ретки“, изјави Дарлингтон Муњиква, заменик-директорот на Националниот музеј на Зимбабве.

Тој додаде дека фосили од оваа ера, која завршила пред повеќе од 200 милиони години, се ископани во Јужна Америка, Индија и сега во Зимбабве.